Општина Ѓорче Петров учествува на партнерски состанок во рамки на европскиот проект UrbanGreenLeap, финансиран преку Interreg Euro-MED, кој се одржува во Барселона.

Претставник од Општина Ѓорче Петров на состанокот е градоначалникот Александар Стојкоски, кој заедно со партнерите активно учествува во дискусиите и размената на искуства.

На средбата присуствуваат претставници од повеќе европски градови, меѓу кои Милано, Барселона, Цеље, Вараждин, Загреб и Будва. Во фокусот на разговорите се иднината на урбаното планирање, развојот на зелената инфраструктура и креирањето одржливи урбани политики што ќе одговорат на современите климатски и еколошки предизвици.

Учество во вакви европски иницијативи значи директно вклучување на Општина Ѓорче Петров во процесите на креирање и имплементација на модерни европски политики. Преку размена на искуства и добри практики со партнерите, општината добива пристап до иновативни решенија кои ќе придонесат за подобро урбано планирање, зголемување на зелените површини и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Проектот UrbanGreenLeap има за цел да ги унапреди капацитетите на локалните самоуправи за развој на зелени и климатски отпорни урбани средини, како и да поттикне нови инвестиции во одржлива инфраструктура.

Со ова учество, Општина Ѓорче Петров се позиционира рамо до рамо со европските градови во креирањето современи урбани политики, со јасна визија – зелена, модерна и европска општина.

Share