Општината продолжува со засилена динамика на терен во насока на подобрување на локалната инфраструктура и обезбедување поквалитетни услови за живот на граѓаните.

По децении во кои жителите се соочуваа со несоодветни услови и калливи улици, во тек е изградба на нова, современа улична инфраструктура на улица 60. Со овој зафат се решава долгогодишен проблем и се создаваат безбедни и функционални сообраќајни решенија, прилагодени на реалните потреби на жителите.

Активностите продолжуваат и на улица 81, како и на краците на улица 1 во населбата Ново Село, каде се изведуваат градежни работи за целосно уредување на коловозот и подобрување на пристапноста.

Локалната самоуправа останува посветена на рамномерен развој на сите населени места и системско унапредување на комуналната инфраструктура.

Инвестициите во патната мрежа значат поголема безбедност, подобра поврзаност и повисок квалитет на живот за сите жители. Со грижа и одговорност кон заедницата, продолжуваме со реализација на проектите во интерес на граѓаните.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *