Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски присуствуваше на настанот по повод одбележувањето на Светскиот ден на Ромите.
На настанот беше истакнато значењето на овој ден како потсетник дека еднаквоста, достоинството и почитта претставуваат основни вредности кои мора да се негуваат и унапредуваат во секое демократско општество. Нагласена беше важната улога на ромската заедница како нераскинлив дел од општеството, со својата богата традиција, култура и придонес во заедничкиот развој.
Градоначалникот потенцираше дека локалната самоуправа останува посветена на креирање и спроведување на конкретни политики и мерки што обезбедуваат еднакви можности за сите граѓани, со посебен фокус на подобрување на пристапот до образование, зголемување на можностите за вработување и обезбедување достоинствен живот.
Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да работи во насока на градење инклузивно општество, без поделби, во кое секој граѓанин има еднакви шанси за напредок и развој.











