Општина Ѓорче Петров, во соработка со Град Скопје, продолжува со инвестиции за подобрување на јавниот простор и унапредување на условите за живот на граѓаните.
Во тек е реконструкција на пешачката патека долж улицата „Ѓорче Петров“ во вкупна должина од 4 километри.
Со овој проект каде на лице-место увид во градежните работи извршија градоначалниците на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски се уредува простор кој секојдневно го користат голем број граѓани, при што се обезбедува поголема безбедност, функционалност и современ изглед.
Паралелно со инфраструктурните зафати, се работи и на развој на зелени коридори, со засадување на нови дрвја и зголемување на зелените површини, со цел создавање почиста и поздрава животна средина.
Општината останува посветена на реализација на современи пешачки и велосипедски решенија, со визија за Ѓорче Петров како модерна и европска општина, прилагодена на потребите на граѓаните.










