Новата линија на улично осветлување на потегот клучка Волково – Орман е целосно ставена во функција. Со оваа инвестиција значително се подобрува видливоста и се зголемува безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
Поставувањето на осветлувањето придонесува за побезбедно и посигурно одвивање на сообраќајот во вечерните часови, како и за подобрен квалитет на живот на жителите од овој дел.
Општината продолжува со активности за унапредување на инфраструктурата и создавање побезбедна средина за сите граѓани.
