Општина Ѓорче Петров продолжува со вложување во образованието и поттикнување на академската извонредност преку воведување на директна финансиска поддршка за учениците и нивните ментори кои постигнале врвни резултати на државно ниво.
Со оваа мерка се предвидува:
Парична награда во износ од 10.000 денари за секој ученик кој освоил прво место на државен натпревар;
Парична награда во износ од 6.000 денари за менторите кои го воделе ученикот до овој успех.
Оваа иницијатива има за цел не само да го вреднува постигнатиот успех, туку и да ги мотивира младите да се стремат кон континуирано усовршување и постигнување на високи резултати.
Учениците претставуваат значаен потенцијал и гордост на општината, а нивните достигнувања придонесуваат за севкупниот општествен напредок.


