Во ООУ „Ѓорче Петров“ во Општина Ѓорче Петров завршена е целосна реконструкција и реновирање на ученичките тоалети, со што значително се подобрени хигиенските и функционалните услови во училиштето.
Реконструкцијата опфати нов и функционален распоред, прилагоден на потребите на сите ученици, вклучително и на учениците со попречености.
Во рамки на зафатот, реализирани се еден тоалет за лица со попречености, едно трокадеро, 4 женски кабини (2 стандардни и 2 прилагодени за помали деца), 3 машки кабини (2 стандардни и 1 прилагодена за помали деца), 4 писоари (2 на стандардна висина и 2 пониски за помали деца) и по 3 умивалници во машкиот и женскиот тоалет, како и во тоалетот за лица со попречености.
Со оваа инвестиција се создадени подобри, побезбедни и похигиенски услови за учениците, како и современ санитарен простор што одговара на нивните реални потреби.
Вложувањето во училишната инфраструктура претставува вложување во здравјето и безбедноста на учениците. Општина Ѓорче Петров и понатаму ќе продолжи со активности насочени кон подобрување на условите за настава и престој во училиштето.


