Општина Ѓорче Петров бележи историски најдобар резултат во однос на активната транспарентност, со остварени 90,8 проценти.
Според Индексот на активна транспарентност за 2026 година, Општина Ѓорче Петров е рангирана во групата институции со „многу добра“ активна транспарентност.
Овој резултат е потврда за континуираната работа на општинската администрација и заложбата информациите од значење за граѓаните да бидат навремено, јасно и транспарентно достапни.
Транспарентното работење, отчетноста и отвореноста кон граѓаните остануваат еден од приоритетите на Општина Ѓорче Петров. Продолжуваме да работиме на унапредување на транспарентноста и обезбедување целосен увид во работата на Општината, донесувањето на одлуките и управувањето со јавните средства.


