Општина Ѓорче Петров во рамки на одбележување на 20 септември – Ден на општината во реонскиот парк одржа свечена седница на Советот.
Седницата ја отвори претседавачот на Советот, Ленче Нелоска по што следуваше обраќање на градоначалникот, Александар Стојкоски.
-Уверен сум дека во годината што измина донесовме правилни одлуки. Заеднички се насочивме кон решавање проблеми кои со децении ги мачат жителите на оваа општина.
Ги опфативме сите области. Успеавме да сработиме проекти со кои затворивме горливи проблеми на ѓорчепетровци – рече Стојкоски.
Тој нагласи дека се работи на инфраструктурата, на подобрување наобразованието, да се крене културата на повисоко ниво и да се поддржи спортот во вистински правец.
-Активно се вклучивме во решавање на социјалните проблеми на нашите жители, рамо до рамо со нив, заеднички бараме решенија кои ќе донесат подобро утре за оваа општина. Од затворена локална самоуправа, недостапна за граѓаните, со низок степен на транспарентност и спора динамика во изминатата година успеавме да станеме општина за пример, општина која ги прими сите кои тропнаа на нејзината врата и администрација која прави и натчовечки напори секој граѓанин да биде услужен и на секого да му се помогне – додаде Стојкоски.
Градоначалникот изрази благодарност до вработените и до Советот за одличната соработка.
Воедно, тој упати и честитки до добитниците на награди, пофалници и благодарници за соработката со општина.
-Честитки до нашите ракометарки ЖРК Ѓорче Петров за заслужената годишна награда – подвлече градоначалникот.