Во текот на минатата недела општина Ѓорче Петров беше домаќин на серија настани во рамки на одбележување на 20 септември – Ден на општина Ѓорче Петров под мотото „Звуци на културата 2022“.

Во целовечерниот концерт во реонскиот парк се вклучија и најмалите, дечињата што се иднината на општината. Свој настап имаа учениците од шесте основни училиштата, заедно со подрачното „Јоаким Крчоски“ во Никиштани.

Учеството на дечињата беше збогатено со песните од детскиот фестивал „Соната“.

Share