Вработени во општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојкоски и група граѓани пешачеа по новата патека во Кучково со што симболично ја пуштија во употреба оваа нова траса наменета за пешаци.

Напоредно со пешачката во Кучкво изградена е нова велосипедска патека, поставени се летниковци и нова урбана опрема. Со партерното уредување на локалитетот „Крст“, ова населено место добива нов лик и станува туристичка атракција за скопјани.

За добра забава по настанот кај Крстот се погрижи диџеј Горан.

Share