Првата седмица од месец октомври е посветена на нашите најмили, децата за кои постоиме да им овозможиме среќно и безгрижно детство. „Детската недела“ ги промовира правата на децата кои треба да ги уживаат во нивниот раст, како и потребната заштита која треба да им биде обезбедена од страна на институциите.
Во текот на вчерашниот ден учениците од четврто одделение од ООУ „Мирче Ацев“ ја посетија општина Ѓорче Петров и остварија средба со градоначалникот Александар Стојкоски.
Дечињата генерално се интересираа за работните обврски на градоначалникот и администрацијата, како и за ингеренциите на локалната самоуправа.