По повод Светскиот ден на детето, градоначалникот Александар Стојкоски и дел од општинската администрација имаа можност да присуствуваат на приредба на учениците од трето одделение од ООУ “Ѓорче Петров под слоганот „Во светот на децата“.

Приредбата беше подготвена со многу љубов, умешност и по некоја порака напишана за овој важен ден за нив посветен на еднакви права, бесплатно основно образование и добро воспитување.

-Како градоначалник сум секогаш подготвен да бидам нивни најголем пријател и сојузник во решавање на нивните проблеми, бидејќи тие се идните носители и промотори во развојот на државата. Во нивните најсреќни спомени и ние сме дел од нивната среќа. Секој ден нека им биде убав како денешниов – рече Стојкоски.

Share