Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски присуствуваше на „Час за општината“ за 4-то а и 4-то б одделение во ООУ „Тихомир Милошевски“, под менторство на учителките Марија Лавчиска Ѓоргиевска и Даниела Сарафимова.

Дечињата беа полни со предлози за тоа како да се подобри нивниот свет. Тие предложија повеќе шеталишта, паркови за миленичиња, корпи за отпадоци и асфалтирани улици, а помалку диви депонии.

Дечињата читаа и литературни дела „Што би направиле ние доколку сме градоначалник“ и имаа навистина изненадувачко одлични идеи за подобрување на животот во Ѓорче Петров.

-Од љубопитните ученици нешто научив и јас. Горд сум што во мојата општина учат толку умни дечиња и со задоволство ќе се заложам тие да добијат поголем простор во планирањето на моите следни чекори – рече Стојкоски по часот.

Share