Центарот за изведувачки уметности и едукација “Театар Пи” со изложба на инсталации, фотографии, лавиринт, сензитивен перформанс и концерт на амбиентална музика со наслов „Чудата во Алиса“.

Овој мултимедијален настан ја претставуваше борбата на „детето“ кое се бори да преживее во збунувачкиот свет на возрасните. За да го разбере светот на возрасните, Алиса мора да ја надмине слободоумноста што е карактеристична за децата.

Врз база на разработката на „Алиса во земјата на чудата“, учесниците кои се лица со интелектуална попреченост, а се ученици со типичен и атипичен развој од Ѓорче Петров од основните училишта “Димитар Поп-Беровски”, “Мирче Ацев”, “Страшо Пинџур” и “Јоаким Крчовски” низ бројни работилници изработија цртежи, скулптури, инсталации и фотографии со помош на дипломирани педагози по применета уметност.

По нивни идеи и видувања на конкретните ситуации од театарските и психолошките работилници се изработија дела кои граѓаните имаа можност да ги видат викендов на отворањето на изложба во Центарот за култура. Изложбата беше проследена со концерт на амбиентална музика кој беше изведен од повеќе музичари.

Share