Почна новогодишната магија! Најубави се овие предновогодишни денови поминати со најмладите кои имаат најискрени желби. Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски заедно со дечињата од градинката „Детелинка“ денеска ја украсуваа елката во неговиот кабинет. Од кабинетот се слушна најубавата музика од детските грла. Најмладите рецитираа песнички за Нова година, Дедо мраз, Снешко, новогодишни елки… Со Стојкоски си разменија желби за добро здравје и Среќна нова година. -Им посакав да бидат и натаму здрави, умни и весели! – додаде Стојкоски.