УНИЦЕФ во соработка со Црвениот крст, а со посредство од општина Ѓорче Петров обезбеди пакети со облека и хигиенски производи за дечињата од социјално-загрозени семејства од училиштата и градинката од нашата општина.
Пакетите ги подигнаа директорите кои ќе ги поделат во своите училишта и во градинката на семејства каде што е најпотребно.
Градоначалникот Александар Стојкоски кој присуствуваше на настанот изрази благодарност до институциите-соработници кои на вакви начини овозможуваат повеќе детски насмевки во пресрет на празничните денови.
Стојкоски порача и натаму да се продолжи со дарување во духот на хуманоста и претстојните празници.