Општина Ѓорче Петров годинава активно се вклучува во одбележувањето на Богојавление-Водици, 2023 година. Осветувањето на водите на реките Лепенец и Вардар ќе се одржи традиционално на 19-ти јануари по следниот редослед:

 Река Лепенец

Од 8:30 до 9:30 литургија во црквата Св.”Петка”.

10:15 литија од црквата Св.”Петка” до реката Лепенец.

11:00 положување крст во р. Лепенец кај последна 22, автобуска станица.

Мост во Хром

Од 8:30 до 10:30 литургија во црквата Св.”Петар и Павле”.

11:15 литија од црквата Св. “Петар и Павле” до мостот во Хром.

12:00 положување крст во р. Вардар.

Ве повикуваме заедно и масовно да го одбележиме овој важен ден во христијанството, денот кога Св. Јован Крстител го крстил Господ Исус Христос во реката Јордан.

Нека е за многу години!

Share