Почнува изградбата на фекална мрежа на улицата „Радушка“, крак 5 и крак 6 во вкупна должина од 428 метри, инвестиција вредна 3.000.000 денари во која финансиски учествува и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Една од најстарите улици во нашата општина, лани доби и нова атмосферска канализација во должина од 1.115 метри.
Со реализација на вакви проекти решаваме децениски проблеми на жителите од овој дел на Ѓорче Петров. Продолжуваме и натаму со инфраструктурни чекори во насока на подобрување на условите за живот на жителите на Ѓорче Петров.