По повод празникот Св.Атанасиј, кој се празнува на повеќе места во нашата општина, градоначалникот Александар Стојкоски ги посети ѓорчепетровци од населените места с. Ново Село и с. Волково.
Во с. Ново Село во просториите на месната заедница секоја година традиционално се служи ручек во знак на одбележување на празникот Св.Атанасиј и населението од овој дел на општината со веселба и македонска традиционална музика ја продолжува традицијата.
-Ја посетив и црквата Св.Атанасиј во с.Волково каде заедно со нашите сограѓани го честитавме празникот и поразговаравме во насока на тоа дека треба сите заеднички да се трудиме да ја одржимe жива традицијата и да ги негуваме традиционалните и семејните вредности, кои се темелот на општеството и на нас Македонците како народ кој живее на територијата на Ѓорче Петров – рече Стојкоски.