Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска изврши увид во градежните активности на ул.„Радушка“ каде во моментов интензивно се работи на нова фекална мрежа во должина од 428 метри.

Со проектот опфатени се краците 5 и 6. Според динамиката на работа, канализационата мрежа треба да финишира за еден месец.

Минатата година на ул.„Радушка“ беше изведена потполно нова атмосферска линија во должина од 1.115 метри. Решавањето на овој проблем беше од круцијална важност за граѓаните од овој дел на општината, поради олеснување на движењето и сообраќањето по улицата. Со финализирање и на овој проект ќе биде решен децениски проблем на граѓаните на една од најстарите улици во Ѓорче Петров.

Согласно временските услови и со почеток на градежната сезона, во периодот што следува, интензивно ќе се продолжи со инфраструктурни активности низ општината.

Фекалната мрежа што во моментот се спроведува на ул.„Радушка“ е во вредност од 3.000.000 денари и истата е кофинансирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, а со дел од средствата учествува и општина Ѓорче Петров.

Share