Дваесетина наставници од основните училишта во Општина Ѓорче Петров ја поминаа обуката по шах за ученици од прво и второ одделение којашто се одржа во просториите на училиштето “Јахја Кемал” во Скопје.
Од наредната учебна година учениците од прво и второ одделение ќе имаат можност да изучуваат шах во одделенската настава преку кој ќе го подобрат мисловниот развој и ќе можат подобро да резонираат при решавање на одредени проблеми и критичкото размислување.
Шахот е забавна игра и одличен начин да им се помогне на децата да ги развијат своите вештини. Со оваа иновативна иницијатива, создаваме посветла иднина за нашите деца и даваме пример за другите општини.