Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски оствари средба со

претставниците на Breathe – Air quality sensor network кои ја презентираа нивната визија и проект во однос на решавање на проблемот со загадувањето насекаде низ Република Македонија, меѓу кои и нашата општина.

Целта на овој проект е микротаргетирање на загадувачите кои што ја загадуваат општината и утврдување на причината на загадувањето.

-Јас лично како градоначалник и ние во целина како општина сме должни да се грижиме за чистиот воздух и животната средина и ова е еден чекор кој ние го преземаме, се со цел граѓаните на општина Ѓорче Петров да дишат чист воздух – рече Стојкоски.

Breathe – Air quality sensor network ќе донираат 15 апарати за мерење на загадувањето на воздухот, кои ќе бидат поставени на сите основни училишта и градинки во општината, за да имаме јасна слика за тоа од каде доаѓа загадувањето и каде мора итно да се реагира за решавање на овој проблем.

Општина Ѓорче Петров и во иднина ќе иницира разни активности и проекти во насока на подобрување на животната средина и воздухот кој циркулира на територијата на општината.

Share