Општина Ѓорче Петров стартуваше со серија реконструкција на детските катчиња низ општината. Веќе е завршена поправката и замената на дотраените делови на едно од најфрекфентните игралишта, односно централното игралиште во паркот во Ѓорче Петров.
Со акцијата за ревитализација на детските катчиња ќе бидат опфатени локации низ целата општина, а годинава ќе бидат изградени и нови детски игралишта.
Апелираме на поголемо внимание при користење на реквизитите со цел што подолго да може дечињата да ги користат.