Советниците на општина Ѓорче Петров на 26-тата седница изгласаа проширување на капацитетите  на примени деца во новата градинка „Сонце“ во Волково.

Тоа, практично значи зголемување на првично планираната бројка, но истовремено и намалување на списоците на дечиња кои чекаат за упис.  

На седницата од страна на полицијата беше презентиран и извештајот за работа за 2022 година на ПС-Ѓорче Петров, со акцент на засилување на безбедноста на граѓаните.

Договорено е полицијата и натамау активно да работи на зголемување на безбедносните мерки во Ѓорче Петров со засилен надзор на улиците во насока на намалување на сообраќајни незгоди, но и да се регулира проблемот со неправилно паркирање на возилата на повеќе локации.

Share