Во текот на оваа недела стартуваше реконструкција на крак на улицата „Христо Батанџиев“ во должина од 70 метри и широк 6 метри. Истиот ќе биде тампониран и нареден со бекатон плочки во најбрз можен рок.
Со овој зафат ќе се реши и испустот на атмосферските води на овој крак.
Продолжуваме со реализација на круцијалните проекти кои во минатото претставуваа проблем за жителите на општина Ѓорче Петров.