На меѓународниот Ден на жената, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ги посети дамите од Пензионерскиот дом во Ѓорче Петров.

Стојкоски искажа благодарност за нивниот влог во општеството и истовремено им го честиташе празникот.

-8-ми Март е симбол на еднаквоста меѓу половите и јачината на сите жени, мајки, баби, сестри… Жените денес се рамноправни со мажите и еднакво придонесуваат во општеството. Овие возрасни дами своевремено придонеле за добробит на следните генерации, воспитувале и негувале деца и внуци и особено сме им благодарни за тоа – рече Стојкоски.

Share