Општина Ѓорче Петров во изминатиот период работеше на ревитализација и разубавување на заграденото игралиште за миленици кое што се наоѓа веднаш до стадинот.

Заменети беа дел од реквизитите, а се работеше и на оплеменување на постоечката урбана опрема којашто се користи од страна на граѓаните.

Наш приоритет и понатаму останува одржување на постоечките игралишта за миленици, како и изградба на неколку нови вакви места, кои што ќе придонесат за подобар пристап за рекреација на домашните миленици.

Share