Во организација на Општински сојуз на училишен спорт и Општина Ѓорче Петров викендов се одржа втората рекреативна планинарска тура „Кучково 2023“.
Во тричасовната тура учествуваше и градоначалникот Александар Стојкоски кој истакна дека учесниците го ускористиле убавото време за добра прошетка од Стопански Двор до Кучково.
Патеката е со средна тежина и е одлична за рекреација.