Општина Ѓорче Петров обезбеди возило за потребите на градинката „Росица“ кое ќе може да се користи за транспортни услуги.

Поради зголемениот обем на работа на градинката, но и со отворање на новиот клон „Сонце“ во Волково, се зголеми и потребата и од транспортни услуги на оваа установа.

-Наш приоритет секогаш ќе бидат најмалите жители, а тоа се нашите дечиња. Грижата за нив е наша основна обврска. Општина Ѓорче Петров веднаш излезе во пресрет. Нашето внимание е насочено кон зголемување на капацитетите на градинките, но и помош во однос на дополнителни проекти кои ќе го подобрат секојдневието на нашите дечиња и на образовниот када – рече градоначалникот Александар Стојкоски.

Share