По повод денот на основањето на Црвениот крст и Денот на крводарителство, градоначалникот Александар Стојкоски ги додели јубилејните признанија и благодарници на повеќекратни крводарители, волонтери и истакнати членови во крводарителството.

Тој упати честитки за јубилејно признание за 100 кродарувања на Тони Трајковски и јубилејни признанија за 50 крводарувања на Илија Најдоски, Марјан Ристов и Димче Китевски.

-Заедно со претставници од Црвениот крст денеска доделивме и благодарница за мотиватори во крводарителството на Драги Трајаноски, како и благодарница за придонес во унапредување на крводарителството на ПЗУ ,,Азура,,- Ѓорче Петров.

Одлична ни е соработката со Црвениот крст. Досега во неколку наврати организираме заеднички настани, особено во насока на крводарителски акции. Ѓорче Петров преку вакви акции ја покажа и ја покажува и натаму својата хуманост – рече Стојкоски.

Во таа насока, градоначалникот ги повика сите граѓани кои се во можност, во сабота со почеток од 10 до 15 часот во Центарот за култура да бидат дел од нова крводарителска акција.

-Да покажеме емпатија и солидарност кон оние на кои капката крв во моментов им значи живот – истакна Стојкоски.

Share