Во текот на изминатите денови, интензивно се работеше на реконструкција и ревитализација на повеќе детски игралишта на територијата на нашата општина.

Се работеше на оплеменување на постоечката и замена на уништената урбана опрема којашто е поставена на детските игралишта, како и играчките кои се поставени и се користат од најмладите жители.

Имено, реконструирани беа следните игралишта:

– Детско игралиште во Хром (кај Панко)

– Детско игралиште во Хром (на полјана)

– Детско игралиште во Хром (на насип)

– Детско игралиште во Мирче Ацев (спроти ООУ Мирче Ацев)

– Детско игралиште на ул. Шидска (на кош)

– Детско игралиште на ул. Шидска (пред стара полиција)

– Детско игралиште на ул. Беаз Куле

– Детско игралиште на ул. Социјалистичка зора

Апелираме да се чуваат поставените играчки и урбаната опрема, се со цел игралиштата да бидат во добра состојба. Целта е дечињата да имаат свое убаво катче, а дополнително и општината да нема чести интервенции кои што црпат од општинските средства.

Share