Второто по ред организирано чистење на животната средина на територијата на општина Ѓорче Петров со главниот организатор и наш соработник во оваа еко акција, “Генералка викенд”.

Минатата година спроведовме еко акција на неколку локации во нашата општина, којашто резултираше со навистина импресивни резултати, односно беше собран отпад во огромни количини кој што ја загрозуваше животната средина и го нарушуваше изгледот на населените места во општината.

Оваа година, организацијата на оваа акција е навистина на повисоко и попрофесионално ниво, а со самото тоа се дава поголема важност и значење. Оваа акција е поддржана во над педесетина општини во државата и е навистина голем импакт во подигање на свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина.

На 12 мај (петок) од 9:00 – 12:00 ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, пријатели, членови на Советот, спортски друштва, месни заедници и останати организации да се приклучат на оваа масовна еко акција и сите заеднички да придонесеме за поубаво и почисто Ѓорче.

Носители на оваа еко акција ќе бидат вработените во Општина Ѓорче Петров, како и вработените во училиштата и градинките. Дополнително, гости на акцијата ќе бидат и вработени од Црвениот Крст.

Ова се локациите каде што ќе се спроведува еко акцијата:

ООУ Мирче Ацев – реон околу училиштето и улицата покрај градинката

ООУ Димитар Поп Георгиев Беровски

ООУ Страшо Пинџур и градинката Пампурче – реон околу месната заедница

Урбанизам/Општинска зграда (пред КАМ Маркет)

Населба Хром – парк Полјана

Јурија/Очна болница – насип

Share