Почитувани,

Ве известуваме дека почнувајќи од денеска (05.06.2023 година) официјално започнува со работа новата општинска зграда на ул. “Ѓорче Петров” бр.22 во централното подрачје на општината (во реонскиот парк).

Преселбата на администрацијата во новата општинска зграда ќе ја зголеми ефикасноста и брзината во решавањето на проблемите на граѓаните, како и ќе ја намали потребата од одење на неколку места за да се заврши одредена работа, како што тоа беше со децении во минатото, со новиот систем на обезбедување на сите општински услуги на едно место.

Наш императив е Општина Ѓорче Петров да биде модерна, урбана, функционална општина и сервис на граѓаните.

Општина Ѓорче Петров за сите нас!

Share