Преубава атмосфера, преполна сала и многу емоции на годишниот концерт на ЕФЗ „Седум осмини“ поддржан од Општина Ѓорче Петров.

Освен редовниот репертоар, изведени беа и 2 нови кореографии, а претставена беше и нова носија од кичевскиот крај.

-Горд сум на сите 40 настапувачи, особено на 32-те нови дечиња во групата кои ги издржаа двата концерти и кои заедно со родителите се залагаат за сочувување на македонската традиција и орото кое е наше вековно обележје – рече градоначалникот Александар Стојкоски по повод концертот.

Стојкоски нагласи дека Општина Ѓорче Петров секогаш е на страна на вакви настани кои имаат за цел афирмација на македонската култура и, како што додаде, во рамки на нашите можности ќе продолжиме со поддршката и во иднина.

Share