Во Општина Ѓорче Петров се одржа воведна работилница за изработка на ЛЕАП документот после цели 10 години застој во делот на заштита на животната средина преку ваков вид стратегија.

Стартуваа главните подготовки на работните групи, со фокус на медиумот почва и воздух кои треба да ги дадат првите насоки при постапување кон сочувување на екологијата, но и подигнување на свеста на граѓаните за важноста за здрава и чиста околина.

Документот се изработува во соработка со партнерот од Општина Ново Брдо во Косово и она што сега ќе се направи, ќе биде основа за сериозни исчекори и ќе биде основа за прогресија на работите кои долги години тапкаат во место.

-Целта е по изработка на ЛЕАП-от да се направат реални чекори и да не остане документот само парче хартија. Затоа, сакам сите сериозно да се заложиме да ја одржуваме чиста и здрава животната средина и она што ни е најголем проблем, а тоа е сметот, конечно да биде минато. Поради таа причина, организираме и низа еколошки акции кои сметаме дека ќе ги подобрат состојбите во овој сегмент – рече градоначалникот Александар Стојкоски, обраќајки се пред присутните.

Тој изрази благодарност до сите учесници во работните групи.

-Ова е прва од планираните три средби по кои ќе се добие драфт-верзија на Локалниот Еколошки Акциски План. Се надевам дека до крајот на август документот ќе биде изгласан од Советот на Општина Ѓорче Петров и веднаш ќе стартуваме со имплементација на истиот на терен – подвлече Стојкоски.

Share