На покана на градоначалникот Данијел Врбњак, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски присуствуваше на свечената академија, проследена со низа настани, доделување награди и признанија.
На настанот присуствуваше и претседателот на Р. Словенија Н.Е. Наташа Пирц Мусар.
-Честитки за нашата збратимена Општина Ормож од Република Словенија која одбележува 750 години од своето постоење, 1273 – 2023.
Општина Ѓорче Петров години наназад негува одлична соработка со оваа локална единица. При посетата ја искористивме можноста да размениме и искуства во повеќе области во рамки на општинските ингеренции, но и да договориме нови заеднички чекори кои би донеле добробит за граѓаните на двете општини – рече Стојкоски.
Остануваме и натаму фокусирани на соработка со веќе збратимените општини, додаде, но и да работиме на отворање нови можности за размена на идеи со општини од регионот со кои првпат би соработувале.