Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски присуствуваше на дебата во организација на УНДП која е дел од Националната развојна стратегија на државата што се очекува да биде финализирана најдоцна до октомври.
Подготовката на локалната самоуправа во насока на развој на општината претставува широк и инклузивен процес во кој преку консултации учествуваат сите засегнати страни во државата со конечна цел – утврдување на развојниот пат на нашата земја во следните 20 години.
На дебатата сите вклучени страни излегоа со инпути и идеи кои се од исклучително значење за развојниот пат на локалната самоуправа и регионалниот развој во следните две децении.
Опфатени беа две сфери: „Утврдување на клучните предизвици во областа на локалната самоуправа и регионалниот развој“, како и „Утврдување на потребните системски промени во следните 2 децении во областа на локалната самоуправа и регионалниот развој и останатите области од интерес на општините“.
Општина Ѓорче Петров активно работи во насока на подобрување на состојбите и развој во сите сфери опфатени со нашата работа.