Општина Ѓорче Петров реализира уште еден проект кој ќе донесе нормализирање на движењето и сообраќањето по краците на улицата „Шарпланинска“ во Даме Груев.
Во тек е подоготовка за тампонирање и асфалтирање на крак во овој дел на Ѓорче Петров во должина од 435 метри и 3 ипол метри широчина.
Градоначалникот Александар Стојкоски пред почетокот на реконструкцијата оствари средба со жителите на улицата и истакна дека има разбирање за сите граѓани кои реагираат за лошите инфраструктурни услови по улиците.
-Полека, но со сигурни чекори го искоренуваме тој децениски проблем и гледаме напоредно да се работи и во урбаниот и во руралниот дел на Општина Ѓорче Петров. Жителите на Ѓорче Петров треба да имаат добри услови за живеење и тука нема дилема. Продолжуваме во насока на реализирање на програмите за работа што ќе донесат урбанизирање и модернизирање на средината во која живееме – рече Стојкоски.