Поради високите температури кои ќе траат и во наредните денови, Општина Ѓорче Петров апелира да се внимава при посетата на с.Кучково кое изобилува со шумско подрачје, се со цел избегнување на евентуални пожари при вакви високи температури.

За потсетување, во тек се забраната за движење во национални паркови и препораките за особена внимателност при движење во шуми, поради портокаловата фаза во која земјата е веќе неколку денови.

Се уште важат и препораките за најранливите категории – бремените жени и лицата над 60 години се ослободени од работа, а децата во градинките не смеат да се движат надвор од 11 до 17 часот.

Share