Делегација од Општина Ѓорче Петров положи цвеќе на споменикот подигнат во чест на жртвите на Градските гробишта во Бутел.
Пред 60 години Скопје го разбуди ужас и тага. Без покрив останаа илјадници жители на главниот град. Но, набрзо потоа, метрополата се претвори во град на солидарност. Помош за обновување на катастрофата пристигна од сите страни на светот што на Скопје му донесе епитет на град на збратимени народи.
-Овој град бил и секогаш ќе биде град на хуманоста и солидарноста. Низ годините помина многу тешки денови, но секогаш се издигнуваше над тешкотијата. Да останеме на истиот пат и заеднички делуваме за подобро Скопје – соопшти Општина Ѓорче Петров.