Oпштина Ѓорче Петров во соработка со Армијата и Генералштабот на Република Македонија на 10 август ќе одбележи 22 години од загинувањето на осумте пожртвувани бранители Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот армиски состав.

Централното одбележување ќе почне во 8 часот и 30 минути кај спомен одбележјето во Волково. Претходно, високи делегации ќе положат цвеќе и на спомен-чешмата во спомен на Томислав Настевски Бумбар во Ѓорче Петров.

Делегација од Општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Александар Стојкоски ќе го посети и споменикот на сите бранители во реонскиот парк, како и останатите две локации.

Раде Јанковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Томислав Настевски загинаа кај Љуботенски бачила, а Ацо Ангеловски беше една од првите жртви на конфликтот кој загина во Арачиново.

Ги покуваме сите граѓани кои се во можност да присуствуваат кај споменикот во Волково и со тоа да искажат почит кон овие храбри македонски синови.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *