ПОТПИШАН Е ДОГОВОР ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ.РАДУШКА ВТОРА ФАЗА – ДЕЛОТ ОД ПОСЛЕДНАТА АВТОБУСКА СТАНИЦА 5-КА ДО КРСТОСНИЦАТА КАЈ ГРОБИШТАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 

Проектот опфаќа целосна реконструкција на коловозот и пешачките патеки во должина од приближно 500 метри, ново улично осветлување и хоризонтална и вертикална сигнализација. Вкупна вредност на инвестицијата е 17.376.167,00 денари, средства обезбедени преку програма на Министерство за транспорт и врски.

Општина Ѓорче Петров веќе работеше на урбанизирање на овој дел од општината. Улицата „Радушка“ неодамна доби целосно нова атмосферска и фекална канализација. Атмосферската мрежа на улицата е целосно изработена и тоа во должина од 2.100 метри, а од фекалната мрежа останати се 700 метри за изградба.

Проектот се реализира со одлична динамика, се изведува фазно, а во наредниот период ќе работиме на обезбедување средства за целосна санација.

Share