Решен пристапот кон ул. Знеполе од главната ул. Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров го реши долгогодишниот проблем со пристапот кон ул. Знеполе од главната ул. Ѓорче Петров.

Тесното грло кое претставуваше реален проблем за безбедноста на учесниците во сообраќајот и движењето на пешаците во овој дел е надминат.

Во наредниот период од страна на ЈП Улици и Патишта и Град Скопје на оваа раскрсница ќе биде поставена вертикална светлосна сигнализација.

Со овие решенија ќе се надмине уште една црна точка и значително ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Share