Во ООУ „Мирче Ацев“ започна уредувањето на ботаничката градина, како дел од активностите со учениците од биолошката секција насочени кон практично учење, заштита на животната средина и развивање здрави и одржливи навики кај најмладите.

Во рамки на активностите, учениците засадија и посеаја есенски градинарски култури, а преку практична работа се запознаваат со процесот на растење на растенијата – од семе до растение. Посебен акцент е ставен и на рационалното користење на водата, при што учениците преку мерење на влажноста на почвата учат кога растенијата имаат потреба од вода и зошто е важно водата да се користи одговорно.

Ботаничката градина ќе претставува простор за истражување и учење надвор од училницата, каде што учениците непосредно ќе ги применуваат стекнатите знаења и ќе се стекнуваат со навики за грижа за природата, здрава исхрана и одржлив начин на живеење. Со ваквите активности се создава здрава и поттикнувачка училишна средина во која децата не само што учат за природата, туку активно придонесуваат за нејзино зачувување.

Share