Од една маалска идеја и желба за дружење, со вистинските луѓе, многу ентузијазам и љубов кон спортот, се роди турнир кој прерасна во традиција. Се одржа новото издание на 3Х3 ГЕГЕ БАСКЕТ, спортски настан кој секоја година собира се повеќе екипи, љубители на кошарката и жители на Ѓорче Петров.
Она што започна како едноставна идеја за дружење денес е настан кој го обединува маалото, носи спортски дух и создава нови пријателства.
Тоа е духот на Ѓорче Петров – кога сме заедно, создаваме нешто што трае. Честитки до организаторите за уште едно успешно издание, а на сите екипи им посакуваме многу успех, фер игра и одлични натпревари!











