Кафе бар Монца е победник на овогодинешниот ГеГе Куп 2026, освојувајќи го првото место на турнирот.

Честитки до шампионите за заслужениот успех, но и до сите екипи кои учествуваа и придонесоа уште едно издание на ГеГе Куп да помине во знакот на спортот, фер-плејот и дружењето.

И оваа година турнирот собра бројна публика и понуди одлична атмосфера, потврдувајќи дека ГеГе Куп е многу повеќе од фудбалски турнир. Тој е традиција која ги поврзува генерациите и место каде што Ѓорче се обединува околу спортот и заедничкиот дух.

Општина Ѓорче Петров упатува честитки до победничката екипа, до сите учесници, организаторите и публиката која и оваа година беше дел од оваа спортска приказна.

Share