Со особено задоволство и почит ја оддадовме заслужената чест на поранешниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, г. Сокол Митровски, добитник на Годишната награда „Ѓорче Петров“.

Како градоначалник со најголем број мандати, тој остави значаен белег во развојот на нашата општина – од крупните инфраструктурни проекти и подоброто поврзување на Ѓорче со останатиот дел од Скопје, изградбата на новата општинска зграда, се до иницијативите кои ги поставија темелите за понатамошен институционален и урбан развој.

Почит кон минатото, благодарност за направеното и заедничка работа за иднината на Ѓорче Петров. Честитки за заслуженото признание!

Share