Според анализата на Центарот за економски анализи (CEA) за 2025-2026 година, Општина Ѓорче Петров е во групата општини со висока даночна транспарентност, со резултат од 71%.

Одговорното управување со јавните средства дава резултати.Уште поважно е дека бележиме подобрување од 25% во однос на претходната година, со што сме меѓу општините со најголем напредок во државата.

Дополнително, Ѓорче Петров е издвоена и како добар пример за отчет кон граѓаните за 2025 година. Ова е потврда за континуитетот во работата, финансиската дисциплина и нашиот принцип – секој денар на граѓаните да се управува одговорно, транспарентно и отчетно.

Share