Општина Ѓорче Петров ја информира јавноста дека м-р Даниела Темелкова е реизбрана за директорка на Јавната општинска установа за деца – детска градинка „Росица“.
Реизборот претставува признание за нејзината досегашна посветеност, професионалност и успешното раководење со установата, како и потврда за резултатите кои се видливи во секојдневното функционирање на градинката.
Во изминатиот период, преку континуирана работа и грижа за најмладите, ЈОУДГ „Росица“ бележи напредок во подобрувањето на условите за престој и развој на децата, како и во унапредувањето на воспитно-образовниот процес.
Општина Ѓорче Петров останува цврсто посветена на вложувањата во предучилишното образование, создавањето квалитетни услови за раст и развој на децата и поддршката на стручните кадри кои секојдневно работат во интерес на најмладите жители на општината.


